Утрински Весник
Спорт

(Видео)Мајката и сопругата на Недовиќ тргнаа да делат правда со кошаркар на Партизан

218678 luda scena majkata i zhenata na nedovikj trgnaa da tepaat kosharkar na partizan video.jpg

Новата пресметка меѓу лутите српски ривали Црвена звезда и Партизан се одигра во рамкиите од регионалната кошаркарска АБА лига. Победи Црвена звезда (88-86) и го обезбеди првото место на крајот од регуларниот дел, а со тоа и предноста на домашниот терен во плеј-офот. Пресметката во „Штарк арената“ покрај резултатските турбуленции го одбележа и голема тензија на паркетот меѓу играчите. Малку недостасуваше па да пламне и физичка пресметка меѓу кошаркарите.

Една таква сцена во која учествуваа Зек Ледеј од Партизан и Немања Недовиќ од Црверна звезда, ги испровоцира мајката и споругата на кошаркарот во „црвено-белиот“. Снежана и Мина Недовиќ се упатија кон паркетот да делата правда со Американецот од редовите на Партизан, но беа запрени од обезбедувањето, кое неможеше да ги спречи да му упатат на Ледеј сочни псовки. Мина и Немања беа во врска со години, по што се венчаа во летото 2022 година, а кон средината на 2023 година станаа родители, кога ја добија ќерката Талија. Мина е манекенка и со години важи за една од најубавите жени во Србија.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина