Противпожарната и медицинската управа на Аризона соопшти дека пожарникарите реагирале на пријава дека мајка и нејзините две деца биле нападнати од рој пчели.
Мајката ги спасила децата ставајќи ги во автомобилот поради што се добила најголем број убодни рани, напишаа пожарникарите на „Фејсбук“.
„Нејзината брза реакција ги спаси децата од прободување“, соопшти пожарникарскиот и медицинскиот оддел во Аризона додавајќи дека жената била пренесена во болница со повеќе од 75 убоди, но закрепнува.
Според извештаите, нападот го пријавила мајката на жената.
„Ве молам, побрзајте, ве молам, побрзајте. Ќерка ми не може да влезе во автомобилот. Пчелите ја напаѓаат, испратете помош“, ѝ рекла на итната помош.
Пожарникарите користеле пена за да ги смират пчелите пред да ги извадат децата од автомобилот.
Тие ѝ дадоа совети на јавноста како да се однесуваат доколку пчелите ги нападнат.
„Трчајте во права линија, покријте го лицето и засолнeте се. Никогаш не влегувајте во вода и не обидувајте се да се борите со пчелите“, напишаа официјалните лица.