Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мајка на загинато момче во „Пулс“: Државата има одговорност, оваа тргаедија можеше да се спречи

Kochani160925 scaled.jpg
Dik 300x250 mk

На шест месеци од пожарот во диското „Пулс“ во Кочани, родители, роднини, пријатели на загинатите и повредените како и други грашани, денеска повторно протестираа низ улиците на Кочани барајќи правда за своите најблиски.

На протестнит марп се обрати и мајката на трагично загинатиот фудбалер Андреј Лазаров. Таа порача дека оваа трагедија тоа можела да се спречи, посочувајќи одговорност кон државата.


„Ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи. Оваа трагедија во Кочани не е само последица на една искра или на едно невнимање. Таа е последица на системска слабост и неотговорност. Прво и основно, директната вина е кај сопствениците и организаторите кои отворија врати без дозволи,без безбедносни системи со еден еденствен излез и со двојно повеќе луѓе од дозволеното. Знаеме кој ги отвори вратите на клубот. Знаеме кој земал пари и пуштал знатре два пати повеќе луѓе од дозволеното. Знаеме кој ставил пиротехника во затворен простор. Тие се директните виновници. Тое е криминал на човечки животи. Но не застанува тука. Каде беа институциите, каде беа инспекциите што мораа да го затворат клубот уште пред да се отвори? Каде беа службениците кои требаше да го проверуваат секој чекор? Тие молчеа. Тие не постаппија. Институциите не се независни тела. Тие се дел од државата. Под нив стојат општините, министерствата, владата. Ако тие не ја завршиле работата, тогаш државата има одговормост. Ако инспектор молчи, ако службено пропишува на слепо, ако министер не презема мерки, тогаш вината не е само индивидуална, туку и државна. Државата има одговорност. Државата не може да се сокрие зад сопствениците. Затоа велиме, не е доволно да се казнат неколку менаџери. Потребно е да има одговорност и во институциите, одговорност за оние кои дозволиле клуб без дозвола да работи“ порача граѓанката.

Денес, покрај Кочани, протестен собир е закажан и во Скопје со почеток во 20.16 часот.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!