Утрински Весник
Свет

(Видео) Мајка и син три години живееле затворени во стан меѓу ѓубре и храна, жената се плашела од корона

(Видео) Мајка и син три години живееле затворени во стан меѓу ѓубре и храна, жената се плашела од корона

Индијка се заклучила себеси и нејзиниот 10-годишен син во нивниот дом, три години поради страв да не се зарази со коронавирус, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Жената, идентификувана како Мунмун Манџи и нејзиниот син, жители на градот Гургаон во близина на Делхи, беа спасени оваа недела откако нејзиниот сопруг побарал помош од полицијата.

Полициска екипа, здравствени службеници и членови на социјалните служби упаднале во станот за да ги спасат мајката и синот, јавуваат локалните медиуми.

Видеата и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат купишта облека, ѓубре, коса и намирници расфрлани низ целиот стан.

Жената наводно била во паника поради пандемијата и верувала дека нејзиниот син ќе умре доколку излезе од куќата, пренесуваат медиумите.

„Беше многу тешко да ја убедам жена ми да излезе од дома со нејзиниот син бидејќи се плашеше дека и двајцата ќе се заразат со коронавирусот“, рекол таткото Суран Мајџи, пренесува „Индипендент“.

Медиумите објавија дека ѓубрето не се изнесувало од куќата три години, а синот за тоа време не видел сонце.

За време на престојот во заклучената куќа, жената не дозволила никој, па ниту нејзиниот сопруг да влезе внатре. Тој бил во контакт со нив преку видео повик. Тој за „Indian Express“ изјави дека намирниците и другите предмети ги оставал пред вратата.

“Не можев да ги задржам солзите кога го прегрнав син ми за прв пат по три години. Го бакнав и му ветив дека семејството ќе живее како порано”, рекол тој.

По спасувањето, мајката и синот се пренесени во болница на прегледи.

Инцидентот предизвика загриженост за влијанието на Ковид-19 врз менталното здравје и потребата за поддршка за време на пандемијата, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина