Утрински Весник
Македонија

(Видео) Левица бара подигање споменик на загинатите од Диво Насеље

(Видео) Левица бара подигање споменик на загинатите од Диво Насеље

Политичката партија Левица побара подигнување на споменик на загинатите од Диво Насеље, кога животот го загубија осум припадници на полициските сили.

dobivaj vesti na viber

„На 9-ти и 10-ти мај 2015 година во кумановската населба „Диво Насеље“ се случи терористичкиот напад, во кој осум припадници на полициските сили ги загубија своите животи“, велат од партијата.

Денес, кога навршуваат осум години од овој настан, на Седницата на Советот во Општина Куманово, од страна на Советникот од Левица – Никола Лазаровски беше поднесена иницијатива за издигање споменик во чест на осумте загинати припадници на специјалните полициски сили.

Воедно партијата ја осудува иницијативата на министерот за павда Кренар Лога осудените да бидат екстрадирани во косовските затвори и истата ја оценуваат како омаловажување за припадниците на МВР, подгазување на жртвата дадена од полицајците и охрабрување на тероризмот во Македонија.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Можете да прочитате

СДСМ:Гeроски го спореди претседателот на СДСМ со убиец на деца

Битиќи: Состојбите денес и во 2016 година не се разликуваат

Ристо Никовски контра Муцунски: Македонија нема никакви специјални односи со САД