Утрински Весник
Свет

(Видео) Летаа покриви, изби пожар – невремето направи хаос во Хрватска

(Видео) Летаа покриви, изби пожар – невремето направи хаос во Хрватска

Низ Загреб повторно летаа дрвја и делови од покриви, од кои дел ги блокираа патиштата, а дел паднаа на електричните водови на трамвајот, со што беше запрен сообраќајот на тие делници. Поради искрење на инсталациите на една од пругите избувнал мал пожар кој веќе е изгаснат.

dobivaj vesti na viber

За разлика од невремето што го зафати Загреб во средата, нема информации дека има загинати во денешното невреме.

Загрепските пожарникари спасувале едно лице на Трешњецеца, врз кое паднала лимната конструкција од гаражата, а според првите достапни информации лицето избегало без посериозни повреди. Едно дрво паднало на пристаништето на болницата Свети Дух и пожарникарите го отстраниле. Едно дрво паднало и во близина на Кабинетот на претседателот на Република Хрватска на Пантовчак, поради што интервенирале и пожарникарите.

https://www.youtube.com/watch?v=mrJ6GjQ3qvc

Можете да прочитате

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона

Мадона со порака за Иран: „Држете се цврсто, јас сум со вас“