Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ги извади на површина СДС и ДУИ, тие се борат за власт, а не за ЕУ и заштита на националните интереси

(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ ги извади на површина СДС и ДУИ, тие се борат за власт, а не за ЕУ и заштита на националните интереси

Инсистирањето на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за јазикот, идентитетот и историјата, резултира со конвенции од Германија и други земји на ЕУ. Проблемот кој останува е Бугарија, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Потребно е покрај земјите членки на ЕУ, и Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП за правата на Македонците во Бугарија.
Разликата е јасна. СДС прифати уставни измени по бугарски диктат, ВМРО-ДПМНЕ побара гаранции за Македонија. Ковачевски, наместо да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за национално единство и да се тргне во остварување на националните интереси, тој игра за Бугарија, колку е полоша ситуација за Македонија, толку подобра е за него, тоа е мотото по кое се води премиерот кираџија“, додава Лефков.

Прашува зошто Ковачевски не сака гаранции за националниот идентитет? Какви се неговите концесии и кон кого?

„Иако Ковачевски молчи, молкот кај СДС сепак е нејасен. Една недела растураа пердуви, а сега не смее да кажат, кој предлог го прифаќаат, па ,наместо нив, зборува ДУИ.

ДУИ прави пазар од делењето функции, лицитираат и со неговото место, а и едните и другите забораваат дека тие не одлучуваат ништо, туку народот на избори е оној што дава и зема.

Ги развластивме и СДС и ДУИ, народот виде дека тие ништо повеќе не одлучуваат. Се виде дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и дека СДС нема мнозинство, ако имаа, одамна ќе ги ставеа во Собранието“, потенцира тој.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ги извади на површина сите, очигледно е веќе дека и СДС и ДУИ се борат само за власт, ниту за ЕУ ниту за заштита на националните интереси, но ВМРО-ДПМНЕ за разлика од нив, подава рака за национално единство.

СДС да избере, рече Лефков, еден од двата предлога за Македонија да тргне напред. Првиот е уставни измени со одложено дејство и преодна влада без ДУИ, а вториот брзи избори, а потоа поддршка од партијата, која ќе биде опозиција на владата за барање гаранции и пакети финансиска помош од ЕУ.

„Време е Ковачевски и СДС одлучат – Македонија или ДУИ“.

Можете да прочитате

Разрешена Миликије Халими од СДСМ, директорка на „Аеродроми“

Конкурсите за вработувања во здравството ќе се распишуваат во јануари

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра