Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лазаревска: СДСМ се грижи за образованието, платите на наставниците поголеми за 36 отсто во однос на 2017 година

(Видео) Лазаревска: СДСМ се грижи за образованието, платите на наставниците поголеми за 36 отсто во однос на 2017 година
Dik 300x250 mk

Институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес. Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти. Работиме на достоинствено вреднување на трудот на наставниците. Со досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година, истакна на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Напомена дека освен во платите, нејзината партија инвестира и во инфраструктурата во образованието, каде за помалку од пет години, се реконструирани и изградени над 80 основни и средни училишта. Според неа значително е зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720. Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти,.

„Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400“, нагласи Лазаревска.

Можете да прочитате

Доколку утре има парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 60 пратеници, порача Манасиевски

Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор изборен круг, Владата итно да прогласи вонредна состојба

Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет и Сирија: уапсен е тој и 18-годишник од Богданци