„Христијан Мицкоски цела 2022 година ги лажеше граѓани. Под заложништво на Димитар Апасиев и Левица, Мицкоски лажеше за македонскиот јазик, ја плашеше јавноста со асимилација и бугаризација. Како шпицен градоначалник Мицкоски лажеше за набавка на 100 еколошки автобуси за потребите на Град Скопје. Оваа лага тој ја прошири со најава за отворање на фабрика за производство на електрични автобуси“ посочи денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.
Кузеска го цитира Мицкоски, од март годинава:
„…со сите потенцијални снабдувачи се разговара и за отворање на фабрика во Скопје за производство на електрични автобуси и вработување на минимум 500 луѓе…“.
„Исто како и стоте автобуси, денес ја нема ниту фабриката што Мицкоски ја најавуваше. Поради неспособноста на градската власт од ВМРО-ДПМНЕ не функционира ниту постоечкиот јавен превоз“ посочи таа.