Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Хаос, неработа и самоволие има во скоро секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Кузеска: Хаос, неработа и самоволие има во скоро секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Град Скопје каде блокадите се секојдневие, а функционирањето на јавните претпријатија е на раб на колапс. Но не е само Скопје, хаос и нефункционалност се случува речиси во секоја општина каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт. Наместо решенија, наместо реализација на проекти, во општините под ВМРО-ДПМНЕ се случува партизација, зголемување на цените на услугите, злоупотреба на службената положба и расипничко трошење на парите на граѓаните“ рече на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

„Во општина Штип речиси и да нема услуга или давачка која не е зголемена. Во Ѓорче Петров, во ек на најголема економска криза, градоначалникот ќе потроши 100.000 евра за опремување на нова општинска зграда. Во Битола возила од јавни претпријатија се злоупотребуваат за одење по свадби, но и за приватни патувања во и надвор од државата. Во Прилеп е зголемена цената на јавниот превоз, на паркингот и на комуналните услуги, како и цените за фирмарина и поставување урбана опрема. Зголемени цени на комуналните услуги има и во Радовиш и Виница, но и во неколку други помали општини“ посочи Кузеска.

Таа истакна дека „градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење, за расипничко трошење на народните пари, па поради нивната неспособност, општините се во стагнација, а граѓаните во време на криза се изложени на зголемени трошоци“.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме