Во 2020 година беше меѓу најочекуваните филмови од оригиналната продукција на „Нетфликс“, две години подоцна, тој е најкритикувана содржина на стриминг-платформата.
Полската еротска драма „365 дена“ излезе пред две години, гледачите беа воодушевени, но продолженијата им го расипаа впечатокот. Во април оваа година се појави вториот дел со наслов „365 дена: Овој ден“ (The 365 Days: This Day). Продолжеието ги разочара и гледачите и филмските критичари.
Но, не застана тука. Третото продолжение, „Следните 365 дена“ (The Next 365 Days), кое пристигна на стриминг-платформата на почетокот на август, постојано добива негативни критики. Врз основа на 3.500 гласови на ИМДБ, филмот има оценка 2.7. Исто како и второто продолжение.
„Врската на Лаура и Масимо виси на конец додека се обидуваат да ги надминат проблемите со довербата и љубомората, а упорниот Начо прави сè за да ги раздели“, стои во описот на третиот дел од филмот.
А гледачите се крајно разочарани: „Искрено, стигнав до 17. минута. Ужасната глума е најмал проблем. Најголемиот проблем се погрешните пораки кои ваквите филмови се обидуваат да им ги пренесат на помладите генерации. Срам за Нетфликс. Да имаше оценка 0, би ја избрал“, „Буквално порно со лоша приказна“. „Не знам зошто ‘Нетфликс’ мислел дека е добра идеја да се направат три филма“, „Ѓубре филм со ужасна глума. Не знам зошто воопшто го гледав и си го губев времето“, „Требаше да застанат на првиот филм“, пишуваат гледачите.
И филмските критичари го затрпаа со негативни рецензии. Џесика Кианг напиша рецензија „Следни 365 дена: само за мазохисти“.
„Овој пат не е само заплетот што е досаден. Се чини дека и одделот за дизајн се успал – облеката е ужасна. Единствени соработници кои не изгледаат целосно исцрпени до крајот на филмот се тие задолжени за музиката“, заклучува Џесика.
Ник Левин напиша рецензија за NME со наслов „Оваа еротска трилогија е ужасна“.