Утрински Весник
Свет

(Видео) Крај на агонијата: спасени сите ученици од пакистанската жичара

(Видео) Крај на агонијата: спасени сите ученици од пакистанската жичара

Спасувачите во Пакистан ги извлекоа сите седум деца и еден маж – наставник на безбедно, откако кабел се откина на жичарница високо над оддалечен кањон, соопштија официјални лица, завршувајќи ја спасувачката операција која траеше повеќе од 15 часа.

dobivaj vesti na viber

Операција со висок ризик беше успешно завршена откако во раните утрински часови се заглавија ученици и наставник кои висеа од кабината.

„Сите деца беа успешно и безбедно спасени“, рече привремениот премиер Анваар-ул-Хак Какар во објава на платформата X, порано позната како Твитер.

„Одлична тимска работа на армијата, спасувачките служби, окружната администрација како и локалното население“, додаде тој.

Спасувачката операција со хеликоптер, како што соопштија локалните медиуми повикувајќи се на извори од безбедносните сили била привремено прекината бидејќи паднала ноќта. Но подоцна биле поставени рефлектори, а спасувачката операција на копно продолжила и во текот на ноќта.

Можете да прочитате

Израел ја обвини Шпанија: Застанавте на погрешната страна од историјата

Трамп: Имаме доволно оружје за „бесконечна“ војна

САД ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат земјите од Блискиот Исток