Утрински Весник
Економија

(Видео) Ковачевски: Социјалдемократските политики носат раст на платите, минималната од 8 на 20 илјади, просечната од 20 на 34 илјади денари

(Видео) Ковачевски: Социјалдемократските политики носат раст на платите, минималната од 8 на 20 илјади, просечната од 20 на 34 илјади денари

Социјалдемократските политики кои ги реализира Владата носат раст на платите, порача во реплика денеска од собраниската говорница премиерот Димитар Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Во 2012 година просечната плата била 20.000 денари, минималната плата 8.050 денари. Биле потребни 4 просечни плати за покривање на минималната кошничка во години кога нема војна и кога нема инфлација предизвикана од воени дејствија во најголемата житница во Европа.

Во 2013 година просечна плата 21 000 денари, потребни 4 просечни минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, бидејќи и тогаш е 8 050 денари минималната плата. Денес 34.000 денари е просечна плата, а минимална плата 18 000, со што ќе стане над 20 000 денари. Потребни се 2,4 минимални плати за покривање на потрошувачката кошница во услови на инфлација предизвикана од војна во Украина“, рече Ковачевски.

Зборувајќи за енергетските политики на Владата, Ковачевски рече дека домашното производство на енергија е зголемено за 40% во однос на предминатата година, потребите се задоволуваат од домашно производство од 83% а инсталирани се 152 мегавати само за една година.

„Кога зборуваме за инсталиран капацитет само минатата година во државата се инсталирани 152 мегавати капацитети за производство на електрична енергија кое што е еднакво на капацитетите кои што се градени со години и тоа Козјак, Св.Петка и ветерниот парк Богданци која што електрична енергија може да снабдува и снабдува пет градови во Македонија со електрична енергија“, рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“