Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Со СДСМ државата е стабилна, безбедна, слободна со европска иднина, со повисоки плати и пензии

8d03389a 4006 497e Bf84 352ba8f31cdb.jpg

СДСМ попладнево отвори протмотивна канцеларија на улица Македонија во центарот на Скопје, а пред присутните се обрати претседателот на партијата, Димитар Ковачевски.

„Во ДПМНЕ гледаме дека нема никаква промена. Нема програма, нема политичка понуда, нема идеа, став, не знаат за што се залагаат, само се нешто против. Тоа отуство на став, на политика го видовме и последните неколку години. За ниту едно важно прашање, државно, национално, ДПМНЕ немаше став. Само нешто кочеа и блокираа. А тоа го гледаме и деновиве,“ посочи Ковачевски.

Ковачевски зборувајќи за постигнатите резултати во изминатиот период, се осврна на растот на минимална плата која според него, во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесувала 8.000 денари, а денеска, во време на СДСМ изнесува 20.175 денари, што претставува зголемување за 120%.

„Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година. Минималната пензија денес е за речиси 50% повисока во однос на она што беше во 2016 година. Пензионерите со СДСМ добиваат во просек 6.000 денари повеќе. И пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ,“ порача Ковачевски.

Тој изрази убеденост во одлуката на граѓаните.

„Со СДСМ државата е стабилна, безбедна, слободна и што е многу важно, има извесна европска иднина. Со ДПМНЕ државата е изолирана, недемократска, постојано во некоја тензија и со отворени прашања,“рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат