Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски се сретна со Сорос: Го поддржуваме слободоумното граѓанство

(Видео) Ковачевски се сретна со Сорос:  Го поддржуваме слободоумното граѓанство

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, денеска се сретна со Џорџ и Александар Сорос.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше истакнато дека Владата ги промовира и практикува вредностите на демократијата, заштитата на човековите права, владеењето на правото и отвореното општество, истите вредности за кои се залага и Фондацијата отворено општество.

Соговорниците истакнаа дека отвореноста на државата за развој на демократијата, владеење на правото се клучни за развој на економијата, за нови инвестиции од домашни и странски компании.

Ковачевски додаде дека Владата ќе продолжи да го поддржува слободоумното граѓанство и критичката маса.

Можете да прочитате

МНТ СО НАГРАДУВАНАТА ПРЕТСТАВА „НАРОДЕН ПРАТЕНИК“ ГОСТУВА НА ФЕСТИВАЛИ ВО ВЕЛЕС И ПОЖАРЕВАЦ

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови