Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски од Атина: Договоривме непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут

(Видео) Ковачевски од Атина: Договоривме непречено снабдување со лигнит, јаглен и мазут

„Со премиерот на Република Грција, Киријакос Мицотакис денеска имавме неколку конкретни теми на кои разговаравме и за кои постигнавме договор, а кои се однесуваат на справувањето со енергетската криза“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по средбата со неговиот грчки колега.

dobivaj vesti na viber

„Денес имавме неколку конкретни теми на кои разговаравме и на кои постигнавме договор со Република Грција. Прво снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција ќе се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што ќе можат да бидат ставени во непречено функционирање производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“ – порача премиерот Ковачевски.

Тој напомена дека „втората тема на која постигнавме договор е непречено снабдување со мазут преку Грција како што и досега имавме снабдување со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“, со што ќе обезбеди снабдување на електрична енергија, исто така, и од овој капацитет“.

Ковачевски потенцираше дека „премиерот Мицотакис изрази задоволство што Северна Македонија ги отпочна преговорите со Европската Унија и што веќе сме на пат на полноправно членство во ЕУ“.

 

Можете да прочитате

Мицкоски објавени се прелиминарните податоци на ДЗС: Со 3,4 проценти раст на БДП во првиот квартал

За Бугарија извештајот на ЕП за Македонија бил необјективен, се бара истрага

Кривична за шестмина од Државна лотарија – незаконски се стекнале со околу 192 илјади евра