Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски еднаш знае – другпат не знае кој е ставот на Груевски за уставните измени

(Видео) Ковачевски еднаш знае – другпат не знае кој е ставот на Груевски за уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски кој пред пет дена кажа дека Христијан Мицкоски и Никола Груевски имаат различни ставови за уставните измени, денеска прашан од каде знае каков став има бегалецот и експретседател на ВМРО-ДПМНЕ – тој вели дека не знае. Ковачевски само посочи дека Груевски е активен на социјалните мрежи, без да каже дали ги чита и неговите објави.

dobivaj vesti na viber

„Таму гледаме дека се води дебата по однос на многу актуелни теми, каде поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ е прилично активен, особено на социјалните мрежи. И затоа кажав дека прво треба да усогласат, јас не кажав дека знам каков став има. Но тие треба прво да усогласат на ниво на политичка партија кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на уставните измени. И повторувам уште еднаш, убеден сум дека во ВМРО-ДПМНЕ има политичари и има луѓе кои што имаат визија и одлучност да поддржат европска интеграција на Северна Македонија во ЕУ, бидејќи тоа е за граѓаните“, кажа Ковачевски.

На прес-конференција во Владата, кога премиерот беше прашан за уставните измени и дали ќе има поддршка од опозицијата, кажа дека Мицкоски и Груевски имаат различни ставови.

„Кога зборуваме за опозицијата, таму треба јасно да се постави прашање кој каков став има. Јас се повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател, а друг став има бившиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање пред пет дена во Владата.

Можете да прочитате

Во следните две недели ќе бидат познати имињата на кандидатите за градоначалници, вели Митева

Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Мимоза Муса останува во ВЛЕН – Таравари останува со уште еден пратеник помалку