Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео)Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го признаат македонскиот јазик откако тоа го сторија ЕУ и целиот свет

(Видео)Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го признаат македонскиот јазик откако тоа го сторија ЕУ и целиот свет
Img 7972

„Потпишувањето на договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик, без фусноти, без додавки е историски успех за нашата држава на кој сите треба да сме горди. Но слично и со членството во НАТО, слично како и за започнувањето преговори со ЕУ, единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица не честитаа на овој државен успех. Тоа е затоа што овие две партии се антиевропски, деструктивни субјекти кои ширеа лажни вести и работеа против интеграцијата на државата во ЕУ“, вели пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Костовски посочи дека „ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги, за сите подбуцнувања на насилни протести каде злоупотребија млади луѓе да напаѓаат полицајци и државни објекти“.

„Откако со договорот за Фронтекс ЕУ како и светот ги признаа официјалниот македонски јазик, ред е тоа да го сторат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица. ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа тие кои македонскиот јазик со месеци го нарекуваат западнобугарски дијалект, ‘северџански’ и користеа други погрдни зборови со што правеа штета на сопствениот македонски јазик и го омаловажуваа македонскиот идентитет“, вели тој.

Можете да прочитате

(Видео) Снег во Галичник – 24info.mk

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице