Победи правната држава, победи правдата. Во името на пратеничката група и вредностите на СДСМ за правда и правичност ја поздравувме денешната одлуката на Европскиот суд за човекови права. Со оваа одлука, апликациите на поранешните функционери на ВМРО-ДМПНЕ, на кои поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се обиде да им даде незаконски помилувања, се недозволени, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Тој додаде дека важно е исто така што нема прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Пропадна незаконската аболиција. ВМРО-ДПМНЕ изгуби. Нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.
Костовски истакна дека постапките продолжуваат пред домашните судови, бидејќи е нелегитимно да се прескокнуваат македонските судови.
Оттука натаму, независната судска власт има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се предмет на пресудата.
Костовски наведе дека владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично оштество.
Ние како дел од парламентарното мнозинство, ќе продолжиме со спроведување на потребните реформи кои ќе обезбедат уште поголема независност и професионалност на правосудството, рече Костовски.