Утрински Весник
Македонија

(Видео) Колева: ДПМНЕ сега има шанса за прв пат да поддржи една стратешка одлука за земјата, членство во ЕУ

(Видео) Колева: ДПМНЕ сега има шанса за прв пат да поддржи една стратешка одлука за земјата, членство во ЕУ

СДСМ заедно со коалициските партнери, прави сè, Македонија да продолжи напред по европскиот пат, да бидат спроведени реформите и да ја исполниме стратешката цел: членство во ЕУ, истакна на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Имаме историска шанса и можеме во тоа да успееме. До 2030 година да стоиме рамо до рамо, до нашите европски партнерски земји како рамноправна членка на Европската Унија. Ако сега ја испуштиме оваа шанса следна наскоро нема да добиеме. Само ќе загубиме 10 или 15 години, ќе стоиме во место и во изолација додека регионот напредува. Тоа не смееме да го дозволиме, Северна Македонија нема време за губење, нашите млади македонски генерации немаат време за губење“, вели Колева.

СДСМ, како што рече, ќе направи сè и ги повикува сите релеванатни политички партии да се приклучат на процесот, за да се обезбеди членството во ЕУ.

„Заедно да изградиме иднина каде што нашите млади ќе можат да ги остварат своите соништа, каде што нашата економија напредува и каде што нашите демократски вредности јакнат. Опозициската ДПМНЕ досега нема поддржано ниту една стратешка одлука за земјата. ДПМНЕ не го поддржаа Договорот од Преспа, не го поддржаа членството во НАТО, не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ, ниту пак гласањето за Договорот ФРОНТЕКС“, потенцира таа.

Појасни дека дури и најновата одлука на германскиот Бундестаг не беше поддржана од ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии.

„Сега ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса да направат државнички потег за прв пат. Откако променија став и не се против уставни измени, ДПМНЕ треба да остане во процесот, да продолжи дијалогот за уставните измени и заедно да ја донесеме одлуката за европска иднина на земјата“, рече пратеничката од СДСМ.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм