Лестер, клубот кој само пред седум години ги воодушеви фудбалските фанови низ целиот свет освојувајќи ја титулата од Премиерлигата, е на чекор од испаѓање од елитата, откако на гостувањето кај Фулам доживеаја вистинска катастрофа со 5:3 пораз.
Вилијан по само 10 минути игра ги донесе домаќините во водство, само осум минути подоцна Карлос Винисиус зголеми на 2:0, за Том Керни во 44. минута да осигура 3:0 водство по првите 45 минути. Керни во 51. минута ја најави катастрофата на гостите, за Харви Барнс во 59. минута да даде надеж на Лестер. Меѓутоа, откако во 66. минута, Џејми Варди не беше прецизен од белата точка, Вилијан со прекрасен гол во 71. минута зголеми на 5:1. Во 81. минута беше досуден уште еден пенал за гостите по фаулот над Џејмс Медисон, кој овојпат беше сигурен за 5:2, за во 89. минута, Барнс да го постигне и вториот гол на мечот за 5:3.
Лестер се на 16. место со 30 освоени поени, исто колку што има и 18-пласираниот Нотингем форест, но сега им остануваат само уште три меча до крајот на сезоната, додека ривалите под нив имаат по четири меча за играње. Распоредот на Лестер исто така не дава надеж на навивачите – играат дома со Ливерпул, на гости кај Њукасл и дома против Вест хем во последните три меча.