Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

(Видео) Коциќ: Поднесуваме амандман, ДДВ за пелети да биде 5 отсто

(Видео) Коциќ: Поднесуваме амандман, ДДВ за пелети да биде 5 отсто
Img 7972

„Со цел да го зачуваме економскиот стандард на граѓаните, но и здравата животна средина како пратеници од владејачкото мнозинство, поднесовме амандман на Предлог на Законот за данок на додадена вредност со кој во членот 11 ставот 5 се брише“, рече Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Поточно, со таквиот амандман се предлага стапката на ДДВ за пелети за домаќинства да остане на 5 отсто и да не се зголемува.

Сметаме дека греењето на пелети има позитивно влијание во намалување на домаќинствата што се греат на огревно дрво, а со тоа и намалување на аерозагадувањето, заштита на животната средина и заштита на шумскиот фонд на државата.

Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да работиме во нивен интерес и да носиме мерки и решенија што го унапредуваат квалитетот на живот на секој поединец“, изјави Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди