Утрински Весник
Македонија

(Видео) Коцевски: Одговорност и оставки од Спасовски и Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето

(Видео) Коцевски: Одговорност и оставки од Спасовски и Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето

Одговорност и оставки од Оливер Спасовски и Назим Буши, дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери не смее да остане неказнето, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

dobivaj vesti na viber

„ МВР и самиот Спасовски молчат и не одговараат на прашањата кои ги поставивме. На сите прашања одговор имаат во евиденцијата на МВР. Црниот мерцедес со флешери со кое Ќерим Буши на 26-ти ноември дивеел низ Скопје е возило кое било во сопственост на Назим Буши, а потоа предадено на битолска фирма. МВР сето тоа го знае, доволно е само да се погледне историјатот на промени на сопственост.

МВР само требаше да одговори дали црниот мерцедес е купен од Телеком за Назим Буши, а потоа продаден на самиот Буши, за истиот да го предаде на битолска фирма. Но МВР молчи. Ако немаше случај немаше да биде казнет заменик началникот на СВР Скопје кој интервенирал возилото и лицето да бидат пуштени, со објаснување дека се работи за познат човек.

А, кој е тој познат човек, во возилото претходна сопственост на Назим Буши, сега во посед на битолска фирма сопственост на негови роднини, ако не е неговиот син, Ќерим Буши?“ праша Коцевски.

Тој порача дека Оливер Спасовски и Назим Буши не смеат да го заташкуваат целиот инцидент. Политичка одговорност мора да има, заклучи Коцевски.

Можете да прочитате

Дали за уништувањето на македонското знаме награда ќе биде назначување за прв пат на Албанец директор на Филхармонија?

Тошовски: Ќе одговориме жестоко на сите обиди за дестабилизација на Македонија

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ