Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кичевски: Една и пол година во Град Скопје владее хаос поради Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Кичевски: Една и пол година во Град Скопје владее хаос поради Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Една и пол година во Град Скопје владее хаос и неспособност од градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Бројни важни проекти се стопирани како што е реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на улицата Есенинова и мостот на булевар АСНОМ, а клучката и кружниот тек кај Момин поток се градат далеку побавно од предвиденото темпо. Но затоа забрзано се одвива партизацијата на градската администрација и постојаната смена на директори на јавните градски претпријатија и установи, рече на денешната прес конференција Васко Кичевски, претседател на градска организација на СДСМ Скопје.

dobivaj vesti na viber

– Нема нови проекти и решенија, нема крупни градежни зафати, но затоа од страна на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ има кавги за тендери и провизии и популистички иницијативи да се врати споменикот на Ќосето – симболот на режимот на Груевски. Ете што се случува кога шпицниот градоначалник и заложник на Димитар Апасиев и Левица, Христијан Мицкоски ќе ја добие власта во градот, додаде тој.

Можете да прочитате

Активни пожари во Депонија Дрисла, Никуштак и Булачани, во селото Татеши и во населбата Еленкамен

Ангелов: Постојат сомнежи дека пожарот во „Дрисла“ е предизвикан намерно

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ