Утрински Весник
Македонија

(Видео) Касами наместо извинување, сподели нова снимка со знамето од т.н. „голема Албанија“ веено во Тетово

(Видео) Касами наместо извинување, сподели нова снимка со знамето од т.н. „голема Албанија“ веено во Тетово

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој беше организатор на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, не се извини за веењето на знамето со т.н. „голема Албанија“ туку сподели и ново видео каде се гледа чинот. Во скоро четири минути, трипати се покажува спорното знаме со територијални претензии кон други држави, меѓу кои е Македонија. Касами молчи веќе цел ден, неодговарајќи на прашањата од „Макфакс“ зошто дозволил истакнување на иконографијата.

dobivaj vesti na viber

Од спотот на Касами се гледа атмосферата на вчерашниот настан, куп албански знамиња и ниту едно македонско, а се прикажува и колкава масовност имало. Снимката е објавена пет часа откако Касами ги доби прашањата од „Макфакс“ и не одговори, а два часа откако објавивме дека МВР трага по лицето кое го вееше знамето.

Нема информации дали полицијата го лоцираше лицето со етничкиот симбол каде дел од териториите на Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се преставени како дел од т.н. „голема Албанија“.

Осуда и остри критики дојдоа до Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски. 

„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“, велат од Кабинетот.

Можете да прочитате

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено

Македонија со нови амбасадори во Саудиска Арабија, Данска, Шведска и Албанија