Утрински Весник
Македонија

(Видео) Караница Груби – новинари: Вие забегавте, ќе ви простам иако не е Прочка

(Видео) Караница Груби – новинари: Вие забегавте, ќе ви простам иако не е Прочка

Вицепремиерот Артан Груби се искара со новинарите во Владата, кои се интересираа за изградбата на Коридорот 8 и на Коридорот 10. Откога тие се интересираа за променетата сопственост на компанијата што треба да ги гради овие патишта, а по нецелосни одговори од вицепремиерот, еден новинар му рече: „Вие забегавте“. По ова, Груби врати: „Не, вие забегавте“.

dobivaj vesti na viber

Потоа, Груби одбиваше да одговори на прашање и бараше извинување. Караницата се случуваше за време на прес-конференцијата по потпишувањето на договорот за изградба на автопатите, што го склучија конзорциумот „Бехтел и Енка“ и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

„Пред да продолжиш, да ми се извиниш затоа што забега“, му рече Груби на новинарот на „Телма“, Миомир Серафиновиќ.

Кога доби извинување, Груби продолжи со дрското однесување: „Денеска Прочка ли е? Ај ќе ти простам, без разлика. Јас одговорив веќе на овие прашања. Миомир, ниту го знам како се вика тој човек ниту што направил“.

Можете да прочитате

Затворен аеродромот во Тел Авив, македонската амбасада во Израел соопшти дека активна е само морска рута

Јавниот повик е распишан: Следува набавка на 120 електрични еколошки автобуси

Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми