Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Камионџија влета во климатски активисти на пат во Германија

(Видео) Камионџија влета во климатски активисти на пат во Германија
300x250 opst2

Бесен камионџија останал без работа откако бил снимен како вози директно во климатски активисти кои протестирале на пат. Шест демонстранти се позиционирале на патот во германскиот град Штралзунд, при што бил запрен камионот на човекот.

dobivaj vesti na viber

Видеото покажува како возачот на камионот излегува од возилото пред да одвлече еден демонстрант на пешачката патека. Потоа турка друг на земја пред да му се закани дека ќе го удри. 41-годишникот се вратил во своето возило додека првиот демонстрант повторно седнал на автопатот.

Возачот на камионот потоа почнал да се движи директно кон двајцата мажи, туркајќи го едниот неколку метри покрај бетонот, речиси прегазувајќи го пред да закочи.

По драматичниот инцидент, возачот подоцна се предал на властите, а полицијата му ја одземала возачката дозвола.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот