Утрински Весник
Македонија

(Видео) Камења висат од мостот кај Визбегово, Стојанче Ангелов утврдил опасност: „Сејфти фрст“

(Видео) Камења висат од мостот кај Визбегово, Стојанче Ангелов утврдил опасност: „Сејфти фрст“

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши лично обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторно јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК.

dobivaj vesti na viber

Утврди дополнителна опасност од коцките камен што од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мост се до рабовите на мостот, од каде што по нивно паѓање се сериозна закана по животот на граѓаните што возат или поминуваат под мостот.

На 12 ноември лани директорот на ЦУК, Стојнче Ангелов директно од мостот ги повика јавно надлежните да преземат мерки за отстранување на опасноста од големите парчиња бетон што висеа над коловозот и за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

Разграничувањето на надлежностите на Град Скопје и Општина Бутел се преклопуваат и можеби не беа јасни до крај, но Град Скопје преку ЈП „Улица и патишта“, сепак постави заштитна ограда, за еден ден по јавниот аларм на ЦУК што во интерес на безбедноста на граѓаните директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов јавно ја актуелизираше, после повеќето пратени документи и укажувања за истото.

Потоа, на 15 ноември Центарот за управување со кризи упати благодарност до Град Скопје за брзата реакција и отстранување на потенцијалната опасност по граѓаните од парчињата бетонски плочи што висеа од мостот надвозник кај Визбегово, но сега се појавува опасност од коцките камен што опасно се вадат од патот и мост па се тркалат до рабовите на мостот.

„Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните да се актуелизира отстранувањето на опасноста од мостот, во насока, институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112. Едноставно кажано, безбедноста на граѓаните е секогаш на прво место. Како што често вели Ангелов, во негов стил: ‘Сејфти фрст!’“, велат од ЦУК.

Можете да прочитате

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви