Утрински Весник
Македонија

(Видео) Калеска Ванчева: Измените се за прецизни законски одредби и ефективно водење кривични постапки

(Видео) Калеска Ванчева: Измените се за прецизни законски одредби и ефективно водење кривични постапки
Dik 300x250 mk

Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева, при реплика од собраниската говорница одговори дека проширена конфискација значи проширување на можноста а не скратување и додаде дека не може да се смета за приватен интерес усогласувањето на членовите од главата 22, кривични дела од областа на животната средина со Европска директива.

dobivaj vesti na viber

– Не можам да разберам како со таква леснотија излегувате и кажувате дека овде се работи за приватен интерес, освен ако имате такви искуства со приватни интереси, нагласи Калеска Ванчева.

– На кого тоа му смета прецизен опис на законите. Дали ние сакаме да имаме навистина прецизни законски одредби, прецизно дефинирани кривични дела за да можеме да имаме ефикасно и ефективно водење на кривични постапки со нивна завршница за сите тие што се огрешиле од законот или сакаме да имаме бланкетни норми, па ќе водиме постапки а всушност никој нема да одговора, а ако никој не одговра, не може да се говори ниту за одземен имот нелегално стекнат, но очигледно или не можете да ја направите разликата или свесно не сакате да ја направите разликата, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица