Утрински Весник
Скопје

(Видео) Каква е визијата за Скопје на кандидатите за градоначалник?

Image 2.png

Денеска го објавуваме петтиот дел од „Пет прашања за Скопје“ каде кандидатите одговараат која е нивната визија за следните четири години, но и кој прв приоритетен проект ќе го реализираат.

На прашањето одговараат пет кандидати а градоначалник и тоа Алекандар Трајановски од ЛДП/ГРОМ, Каја Шукова од СДСМ, Амар Мециновиќ од Левица, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и независниот кандидат Горан Марковски.


Речиси сите кандидати велат дека нивната визија за Скопје е тој да биде развиен, модерн и хуман европски град и сите едногласно ветуваат многу работа уште од првиот ден на мандатот.

Со ова заврши видео претставувањето „Пет прашања за Скопје“ на 24инфо.мк каде пет кандидати за градоначалник одговараа на пет прашања за клучни области во рок од пет минути.

Можете да прочитате

Два инциденти со физички напади регистрирани во Чаир

Ангелов: Објекти на Водно се под ризик од свлечишта

Ѓорѓиевски: Нови и модерни спортски терени добиваат средните скопски училишта