Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува нова афера наречена „Тајни имоти“ во која како што тврдат, ќе биде обелоденето кој што крие во власта и како институциите учествуваат во криење имот, наместо да го спроведуваат законот.
„Институциите не си ја вршат работат, и трпат незаконитости и криминал. Група луѓе од СДС и ДУИ наместо во служба на народот работат за себе. За функционери од власта не важат законите, а институциите не постапуваат кога се тие во прашање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Аферата ќе биде откриена утре во 12 часот, соопшти партијата.
„Аферата Тајни имоти е тешка неколку милиони евра. Затоа Македонија наместо да оди напред тоне“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.