2023 година започна со огромен успех за македонската дипломатија, за македонската држава, изјави портпаролот на СДСМ и пратеник Дарко Каевски.
„ Од први јануари Северна Македонија е претседавач со ОБСЕ, најголемата безбедносна организација во која членуваат 57 држави, меѓу кои и САД и Русија. Во година во која се уште трае руската агресија врз Украина, македонската димпломатија ќе има сериозен тест во одржување на светскиот мир и стабилност. Но, истовремено ова е добра шанса за дополнително зајакнување на меѓународната позиција на нашата држава.
Ако до пред само неколку години, нашата држава беше категоризирана на како заробена и потенцијален извор на нестабилност, денес, Северна Македонија претседава со најголемата безбедносна организација во светот. Денес, нашата држава е полноправна членка на НАТО и ги започна преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и со потврден македонски идентитет. Денес седиме на главните маси каде се одлучува за иднината на Европа и светот.
Сето тоа почитувани, е резултат на успешните и одговорни политики на Владата предводена од СДСМ“ рече Каевски.
Тој нагласи дека претседавањето со ОБСЕ е уште еден државнички успех на СДСМ и поттик за нови успеси на меѓународен и домашен план.
Како одговорна, државотворна партија продолжуваме со реализација на политиките што го унапредуваат меѓународниот углед на државата, порача Каевски.