Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ и Ковачки да го свртат вниманието од тендерот тежок 136 милиони евра

Шпицниот градоначалник, Мицкоски заедно со ВМРО-ДПМНЕ преку измислици се обидуваат да го оттргнат и да направат дефокус на она што се случува и во ВМРО-ДПМНЕ, односно расколот што се случува и со Данела Арсовска, но и она што денеска се случува со Никола Мицевски, рече пратеникот на СДСМ, ДАрко КАевски.

dobivaj vesti na viber

„ Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања“ додаде Каевски.

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година