„Параноичниот Христијан Мицкоски сака да нè скара со целиот свет и со цела Европа. Тоа е истата реторика и истиот начин на однесување како неговиот ментор и претходник Никола Груевски. Дејствувајќи против ЕУ и против НАТО, антиевропскиот политичар Мицкоски сака да ја турне земјата во неизвесност и нова изолација од 11 години“, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
„Прво, беше лагата за бугаризација и асимилација, па кога тоа се покажа дека е невистина, почна да зборува за бугарски диктат.
Кога стана јасно дека нема никаков бугарски диктат, сега, за сопствениот неуспех, на Мицкоски му се виновни Европа и светот.
Ист е како Никола Груевски.
Мицкоски, едноставно, има капацитети да создава само непријатели, па смета дека сите така размислуваат. Затоа параноично зборува за светски заговори.
Меѓутоа, тоа укажува само на неговите лични фрустрации, на неговата лична состојба, која е далеку од реалноста.
Македонија во овој период има огромна поддршка од меѓународната заедница, од Европската Унија и има пријатели како што никогаш досега немала и тоа му е јасно секому, освен на Мицкоски.
СДСМ ќе се спротивстави на секоја деструкција и обид да се закочи европскиот пат на земјата“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.