Последната реклама на Министерството за туризам на Израел, во која министерот го имитира Џејмс Бонд, беше цел на критики, пред се на феминистките, на социјалните мрежи, кои оценија дека е „шовинистичка и покажува двојни стандарди“.
Едноминутниот видео клип го прикажува министерот за туризам Јозел Развозов како го имитира Џејмс Бонд додека ги обиколува познатите градови и локации во Израел. Во една сцена на море тој дури се соблече до половината. Рекламата, сепак, наиде на критики од феминистките.
Тој се обиде да покаже сличност со Даниел Крег, кој го глумеше Џејмс Бонд во филмовите за најпознатиот светски агент, па дури и се снимаше без кошула во морето. Рекламата, сепак, предизвика критики од феминистките, пишува „Араб њуз“.
„ Рекламата на израелското Министерство за туризам е бурна. Министерот за туризам го прикажува Бонд, а изборот на музика е одличен. Ок, машкост, ок двојни аршини бидејќи жена министер никогаш не би можела да го направи тоа – изјавил еден од корисниците на социјалните мрежи.
Ноа Балф, вонреден професор на Универзитетот во Казнас и член на Феминистичкиот институт во Хаифа, оцени дека рекламата покажува двојни стандарди и дека некоја министерка никогаш не би можела да го направи тоа. Други корисници на социјалните мрежи потсетуваат дека во тек е изборна кампања и дека видеото има пропагандна цел.
This Israeli Ministry of Tourism ad is wild. It features the Minister of Tourism as James Bond-esque and the music choice is just wow. Ok masculinity, ok double standard because a woman minister could NEVER. https://t.co/ZvlX8Dj7RP
— Dr. Noa Balf נועה באלף نوعة بالف (@NoaBalf) October 16, 2022
Имитирајќи ја познатата фраза на Бонд за време на презентацијата, министерот Развозов вели „Името е Израел. Земјата е Израел“.
„ Сакав лично да помогнам во промоцијата на Израел со тоа што на светот ќе му покажам што е убаво и добро во нашата земја – рече министерот објаснувајќи ја својата постапка.
Не се знае дали рекламата е финансирана од државата.