Родум во Бугарија, фитнес инструкторот од Обединетото Кралство Иван Димитров (27), кого милиони ширум светот го видоа на снимка како го оштетува 2.000-годишниот Колосеум во Италија, се извини на полицијата за неговиот непромислен вандализам.
Иван Димитров (27), кој исто така го користи името Иван Хокинс, заедно со девојката Хејли Брејси (33), го привлекоа вниманието на јавноста по снимката на која момчето ги врежува нивните имиња врз старите ѕидови на Колосеумот.
Роберто Мартина од италијанската полиција изјавил дека неговите колеги разговарале со момчето и дека тој се извинил и изразил искрено каење за стореното.
„Тој не’ контактираше откако го добивме неговиот телефонски број од хотелската евиденција и оставивме порака да ни се јави. Беше загрижен за правните импликации и се му беше објаснето“, додаде тој.
Italian authorities are looking for a tourist who scribbled graffiti on a wall of the Colosseum https://t.co/SvYHEe3ACQ pic.twitter.com/460v1mLqhj
— Reuters (@Reuters) June 27, 2023
„Му рековме дека извештајот ќе биде испратен на неговата адреса во Обединетото Кралство и потоа целата работа ќе оди на суд, веројатно на почетокот на следната година, и тој ќе може лично да се извини на судот таму. Не го прашавме зошто го направи тоа, ќе му каже на судијата, само му кажавме дека е осомничен и дека е дел од истрагата. Тоа не важи за неговата девојка, иако технички и таа може да се смета за соучесник“, објасни тој и продолжи:
„Но, повторно, тоа ќе го реши обвинителот откако ќе ја завршиме истрагата, која не би требало да трае предолго бидејќи главен доказ е оригиналната снимка од споменатиот инцидент.
Иван бил многу вознемирен поради тоа што го направил, постојано се извинувал и е загрижен за последиците од неговото однесување.
„Му објаснивме дека може да добие затвор од две до пет години и парична казна до 15.000 евра“, рече тој.
Димитров води своја компанија специјализирана за фитнес и работи со скратено работно време како доставувач.
„Крајно е срамно и знак на голема недостиг на култура што турист оштетува едно од најпознатите места во светот и дел од историското наследство“, изјави министерот за култура Џенаро Санџулијано.
Изграден во првиот век од нашата ера, Колосеумот е најголемиот амфитеатар во светот, римска знаменитост и главна туристичка атракција. Секоја година, Колосеумот го посетуваат околу еден милион посетители.