Утрински Весник
Спорт

(Видео) „Италија нема да нè потцени, ќе сака да се реваншира за поразот во Палермо“

(Видео) „Италија нема да нè потцени, ќе сака да се реваншира за поразот во Палермо“

Фудбалската репрезентација на Македонија полека финишира со подготовките за квалификацискиот натпревар со Италија.

dobivaj vesti na viber

Италија, со новиот селектор Лучано Спалети, во сабота ќе бара мала освета за елиминацијата во баражот за пласман на Светското првенство. Пред 18 месеци во Палермо, Македонија со голот на Александар Трајковски во 93. минута им пресуди на „Азурите“.

Херојот од Палермо, посакува историјата да се повотри, но е свесен дека Италија нема да ја потцени Македонија.
„За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да нѐ потценат, но знам дека овојпат нема да биде исто“, изјави Александар Трајковски.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024