По денешната експлозија на популарната авенија Истиклал во центарот на Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а најмалку 53 беа повредени, градот е полн со полиција.
Полицијата и специјалните сили вооружени патролираат низ целиот град.
Затворен е и дел од јавниот превоз. Коментирајќи ја денешната експлозија, турскиот претседател Ердоган рече дека е можно да се работи за терористички напад.
„Првите индикации се дека се работи за терористички напад“, изјави Ердоган, додавајќи дека „една жена е вмешана“. Гласините по експлозијата укажуваат дека се работи за самоубиствен напад.
„Сторителите на овој страшен напад ќе бидат демаскирани. Нашето население нека биде безбедно, а сторителите ќе бидат казнети“, рече тој два часа по експлозијата во Истиклал.
„Обидите да се зароби Турција и да се вовлече турската нација во терор нема да успеат денес или утре, како што не успеаја во минатото“, рече Ердоган, пренесе агенцијата АФП.
На видеото објавено на интернет се гледа пламен по што уследи силен тресок, а пешаците бегаат.
❗Blast hits central #Istanbul, local media report. pic.twitter.com/s95VcL1BRr
— NonMua (@NonMyaan) November 13, 2022
Снимка од надзорната камера, која го снимила моментот на експлозијата, сугерира дека експлодирала оставена торба во преполната авенија. Се’ уште никој не ја презел одговорноста за нападот.