Утрински Весник
Свет

(Видео) Исповед на јутубер со подморницата „Титан“: Ако експедицијата не беше откажана можев да бидам внатре

(Видео) Исповед на јутубер со подморницата „Титан“: Ако експедицијата не беше откажана можев да бидам внатре

Јутјубер под корисничко име Scuba Jake ја објави својата снимка од „Ocean Gate“ на подморницата Титан, на која се наоѓаше оваа година, неколку недели пред трагедијата во која загинаа пет лица.

dobivaj vesti na viber

Беше во „мисија III“. Неговата експедиција на крајот беше откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која подморницата заврши со експлозија со пет патници во него е „Мисија V“.

На видеото, меѓу другото, може да се види како изгледа процесот на влегување во подморницата, затворање со 17 завртки однадвор и нурнување.

„Да не беше откажана експедицијата, можев да бидам во таа подморница“, вели Јутјуберот кој помина девет дена на бродот Оушн Гејт во видеото. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата која требаше да се спушти до потонатиот брод Титаник.

Влезот во подморницата можете да го видите од дваесеттата минута од видеото подолу.

– Носев неколку чоколадни бисквити, два сендвичи и камера за да можам сето тоа да го снимам – објаснил тој. На видеото се гледа и Стоктон Раш, извршен директор на OceanGate кој загина во подморницата. Во една сцена, Стоктон го покажува и контролорот што управува со подморницата. Исто така, на видеото на Јутјуб се слуша Раш како вели дека го откажува нуркањето затоа што „нешто не е во ред со мозокот на подморницата“, односно со системот за контрола.

– Ова е потсетник дека животот е многу скапоцен и може да исчезне за секунда. Да беше убаво времето, да ме прашаше Стоктон дали сакам место во таа подморница, повторно ќе одев. Можев да бидам со нив. Благодарен сум што сум овде денес, но луѓето во експедицијата беа прекрасни и многу сум благодарен за целото искуство – вели Јутјуберот на крајот од видеото.

Пет членови на екипажот на Титан, кој исчезна во неделата, трагично ги загубија животите, а врз основа на остатоците од подморницата, експертите заклучуваат дека несреќата била предизвикана од имплозија.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk