Утрински Весник
Спорт

(Видео) Џирона за 30 минути ја прегази Мајорка

(Видео) Џирона за 30 минути ја прегази Мајорка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерите на Џирона ја совладаа Мајорка со 5:3 во првиот натпревар од 6.коло на Ла Лига. Со овој триумф тие барем на неколку часа се искачија на првото место на табелата. Џирона го има најдобриот старт во клупската историјата, со пет победи и еден нерешен резултат.

dobivaj vesti na viber

Интересно, играчот на Мајорка, Ведат Муриќ го постигна првиот гол на натпреварот. Но потоа следуваше рапсодија на Џирона, во периодот од 26. до 57.минута, навивачите на стадионот „Монтилви“, видоа пет гола.

Веќе до полувремето, Џирона ги постави работите на свое место и покажа зошто моментално е меѓу најдобрите тимови во Шпанија.

Мрежата на Предраг Рајковиќ прв ја погоди Лопес во 26. минута, седум минути подцна погоди и Двобик од пенал, недолго потоа прецизен беше и Мартин (37), а Херера стави точка на совршената напаѓачка игра на домашните на самиот крај на полувремето.

Савио во 57. минута го потврди триумфот, петти сезонава за Џирона.

Абдон Пратс кон крајот на мечот со два гола го ублажи поразот.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА