Утрински Весник
Свет

(Видео) Инциденти на Парадата на гордоста во Белград – псовки, украдено ЛГБТ знаме, свештеник меѓу приведените

Противниците на Парадата на гордоста, се собраа на централните улици на Белград при што имаше одделни инциденти со полицијата.

dobivaj vesti na viber

Псовки и навреди, фрлање со предмети…Еден од нив го украл ЛГБТ знамето, поради што полицијата го привела.

Во близина на српското Собрание имаше и судири меѓу противниците на Прајд и полицијата. Незадоволниот монах Антоније прво бил одвоен од толпата, а потоа одведен во полициска станица, јавуваат медиумите.

Според известувачот на агенцијата Бета, полицијата ги блокирала сите улици во тој дел од градот. Група од триесетина луѓе се собра сега на улицата Таковска. Тие носат икони, крстови и знамиња со ликот на Исус Христос, а нивното движење е блокирано од поголема група полицајци во опрема за немири.

Од синоќа на улиците се распоредени припадници на МВР, а долж Булеварот „Крал Александар“ е поставен полициски кордон.

Најмалку 3.000 полицајци се задолжени за обезбедување на денешната прошетка на Еуропрајд.

Освен полицајците на улиците и во деловите од градот каде што ќе се движи поворката Прајд, значително поголем ќе биде и бројот на ангажирани припадници на безбедносните сили во униформа или цивилна облека – вкупно околу 6.000 луѓе.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ