Утрински Весник
Свет

(Видео) Илјадници луѓе без струја по бурата во Калифорнија

(Видео) Илјадници луѓе без струја по бурата во Калифорнија

Силната пацифичка бура предизвика втор ден по ред силни ветрови, обилни врнежи од дожд и снег, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиште низ Калифорнија. Десетици илјади домови останаа без струја, а беа пријавени и првите смртни случаи.

dobivaj vesti na viber

Екстремните временски услови доведоа до најсилното невреме кое ја погоди Калифорнија од почетокот на минатата недела, а во наредните денови се очекуваат уште најмалку две бури.

Областа на Сан Франциско, главниот град на државата Сакраменто и околината сè уште се опоравуваат од штетите.

Обилни врнежи од дожд и снег се очекуваат во планините и крајбрежните масиви во јужна Калифорнија, соопшти Националната метеоролошка служба, предупредувајќи на поројни поплави, лизгање на кал и силни ветрови.

Калифорниските власти соопштија дека најмалку две лица загинале поради временските неприлики. Едногодишно момче загинало од дрво кое во текот на ноќта паднало врз куќа, а 19-годишна девојка загинала кога автомобилот и се излизгал од делумно поплавен пат.

Дури 180.000 домови останаа без струја во четвртокот.

Новата серија бури во Калифорнија е резултат на високите температури на воздухот и морето предизвикани од климатските промени, создавајќи атмосферски речни бури кои стануваат се почести и поинтензивни.

Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба а државните власти ги повикаа жителите на Калифорнија да избегнуваат патувања.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата