Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) И грчките студенти излегоа на улиците: „Ова е злосторство што не треба да се прикрива“

(Видео) И грчките студенти излегоа на улиците: „Ова е злосторство што не треба да се прикрива“
Img 7972

На железничарите во Грција, кои протестираат по смртоносната несреќа, денес им се придружија и грчките студенти барајќи правда за загинатите колеги.

dobivaj vesti na viber

Тие се собраа во центарот на Атина и в одругите грчки градови – Лариса, Волос и Патра.

„За децата во Темпи, за нивните семејства и за нас. Ова е злосторство што не треба да се прикрива, ние го претставуваме гласот на сите загинати“, порача Студентскиот координативен сојуз на Атина.

Насобраните носеа црни балони и со едноминутно молчење им оддадоа почит на настраданите во несреќата.

Грчките железничари и денеска го продолжија штрајкот на нови протестни собири поради железничката несреќа во Лариса, во која загинаа најмалку 57 лица, главно студенти.

Здружението на железниците со години предупредуваше за лошата состојба на железницата, но тоа никогаш не беше сфатено сериозно, соопшти главниот грчки железнички синдикат барајќи средба со новиот министер за транспорт назначен по несреќата со мандат да обезбеди никогаш да не се случи таква трагедија повторно.

Синдикатот соопшти дека сака јасен распоред за спроведување на безбедносните протоколи на железницата, како и одговори за тоа како се случила несреќата во Лариса, објави „Ројтерс“.

Операцијата за отстранување на вагоните што излетаа од шините треба да заврши денеска, соопшти претставник на Противпожарната бригада.

Во судир на брз патнички воз, со повеќе од 350 патници, со товарен воз во близина на градот Лариса ноќта меѓу вторникот и средата загинаа 57 лица.

Тоа е најголемата железничка несреќа во историјата на Грција, а претходно најголемата беше во 1968 година кога во несреќа на јужниот дел на Пелопонез загинаа 34 лица.

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД