Утрински Весник
Македонија

(Видео) Хорор во поликлиниката „Јане Сандански“, канализација тече во лабораторијата

Whatsapp image 2025 09 23 at 14.09.46 931513e6.jpg

Во редакцијата на нашиот медиум пристигна вознемирувачко видео од поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, кое ја прикажува состојбата во просторијата каде што се чуваат и обработуваат резултатите од анализите на крв на пациентите.

На снимката јасно се гледа протекување на канализација директно во лабораторијата, што покрај неподносливата смрдеа претставува и сериозен ризик од зараза. Според информации од пациентот кој го достави видеото, ваквата состојба трае веќе околу 15 дена, без никаква реакција од надлежните институции.


Пациентот вели дека, и покрај опасната состојба, е приморан редовно да ја посетува лабораторијата за да ја проверува својата крвна слика, бидејќи нема финансиски можности да оди на контроли во приватни клиники.

Состојбата отвора сериозни прашања за хигиенските услови во поликлиниката и одговорноста на надлежните кои, според очевидци, две недели не презеле ништо за да ја санираат хаваријата.

Дополнително, вознемиреноста кај граѓаните е уште поголема имајќи предвид дека оваа поликлиника се наоѓа во една од најурабните општини и која опслужува десетици илјади граѓани.

Можете да прочитате

Од петок поригорозни казни: 40 евра за поминување пешачки со телефон во рака или слушалки

Николоски: Бележиме раст од 6,1 процент во транспортниот сектор

Втор случај за 20 дена: ЗНМ повторно реагира на ограничување на медиумите од Министерството за здравство