Утрински Весник
Магазин

(Видео) Харисон Форд и Мадс Микелсен во „Индијана Џонс 5“

(Видео) Харисон Форд и Мадс Микелсен во „Индијана Џонс 5“

Петтото продолжение на блокбастерот „Индијана Џонс“ се приближува сè повеќе, а фановите конечно видоа неколку први фотографии од филмот, благодарение на „Емпајр магазин“.

dobivaj vesti na viber

Поминаа речиси 15 години откако последен пат го видовме Харисон Форд во улога на легендарниот авантурист-археолог Индијана Џонс, но сега тој се враќа, во петтиот филм на режисерот Џејмс Манголд – и се чини дека ќе има нов страшен непријател.

На Форд му се придружува познатиот дански актер Мадс Микелсен, кој го глуми главниот антагонист.

Магазинот „Емпајр“ објави ексклузивни  фотографии на кои се гледа Мадс Микелсен како нов негативец, злобниот Волер, чиј лик е делумно инспириран од поранешен нацист Вернхер фон Браун, кој подоцна стана инженер на НАСА по Втората светска војна.

Опишувајќи го својот лик, Микелсен вели: „Тој е човек кој би сакал да поправи некои грешки од минатото. Постои нешто што може да го направи светот многу подобро место за живеење. И тој сака да се обиде во тоа. И Индијана Џонс сака да го постигне тоа. И така, имаме приказна“.

Во претстојниот филм, под режисерската палка на Џејмс Манголд („Форд против Ферари“, „Логан“), Харисон Форд се враќа во насловната улога на професор по археологија кој уште еднаш ќе се судри со група нацисти.

Дејствието е сместено неколку децении по настаните од Втората светска војна, следејќи го Инди во позадина на вселенската трка меѓу САД и Советскиот Сојуз.

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески