Утрински Весник
Свет

(Видео) Хаос во Израел. Протести, блокади, немири

(Видео) Хаос во Израел. Протести, блокади, немири

Владата на Израел расправа за замрзнување на нејзината контроверзна планирана судска реформа по масовните протести што избувнаа во неделата вечерта, објави во понеделникот наутро „Џерусалим пост“.

dobivaj vesti na viber

Религиозно-националистичката коалициска влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преживеа две гласања за недоверба, кои беа иницирани од опозицијата во знак на протест поради планот за реформи во правосудството и масовните протести на граѓаните.

Еден предлог не успеа со 59:53 гласа, а другиот со 60:51, изјави претседателот на Кнесетот, Амир Охана, пренесе „Ројтерс“.

Коалицискиот партнер на Ликуд на Нетанјаху, Итамар Бен-Гвир, утринава на „Твитер“ напиша дека владата мора да продолжи со реформите во судството и дека „не смее да им се предаде на анархистите“ по синоќешните масовни протести.

Бен-Гвир оваа изјава ја даде откога израелските медиуми објавија дека тој ќе му се обрати на Нетанјаху денеска претпладне.

Во меѓувреме, беа прекинати и летовите од аеродромот во Тел Авив, а најголемиот синдикат во Израел почна национален штрајк во повеќе сектори приклучувајќи се на протестите против планот на владата за реформи во судството.

Израелскиот претседател Исак Херцог утрово ја повика владејачката коалиција веднаш да се откаже од законот за реформи во правосудството по големите протести во таа земја.

„Тајмс оф Израел“ објави дека воените лидери ќе се сретнат денеска за да разговараат за случувањата откако Нетанјаху синоќа го разреши министерот за одбрана, Јоав Галант.

Можете да прочитате

Германските фирми се гасат – недостиг од работници, скапа енергија, неизвесна иднина

Патнички авион од 400 милиони долари подарок од Катар за претседателот Трамп

САД повторно ќе ги прогласат Талибанците за странска терористичка организација?