Утрински Весник
Спорт

(Видео) Хаос на „Монументал“, седум црвени картони и 19 минути судиско надополнување

(Видео) Хаос на „Монументал“, седум црвени картони и 19 минути судиско надополнување

Ривер Плејт на домашен терен ја победи Бока Јуниорс со 1:0 во најголемото аргентинско и едно од најголемите фудбалски дербија во светот.

dobivaj vesti na viber

Домашната екипа до победата дојде во 93.минута со голот од пенал на Мигел Борха.

Откако топката влезе во мрежата, експлодираа трибините на кои имаше 83 илјади гледачи. Фудбалерот на Ривер реализираше пенал против Серхио Ромеро, голманот на аргентинската репрезентација. Ромеро потоа им се пожали на соиграчите дека еден од фудбалерите на Ривер го провоцирал.

Набргу потоа настана хаос, почна гужвата, а се беше поттикнато од извици од преполните трибини.

Епилог? Седум црвени картони, од кои три за играчи кои не беа ни во игра, туку на клупата и 19 минути судиско надополнување на времето. Ривер ја задржа предноста и освои три бода.

Можете да прочитате

„Златното девојче“ од Македонија ја освојува Европа: Меланија Грозданова во фокусот на Јувентус и европските скаути

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија