
Веб-страницата на скопската меѓуградска автобуска станица (sas.com.mk) е хакирана од поединец или група што се нарекува себеси „Аргонс“, а на неа е поставено видео на кое се изнесуваат закани за „сајбер армагедон“ упатени кон македонските власти, пишува Слободен печат.
Судејќи според тоа што видеото е поставено на „Вимео“ на 13 октомври, се чини дека пораката на англиски јазик веќе два дена стои на хакнатата веб-страница.
„Мислевте дека можете да не искористите за да ги уништите своите противници со нашите методи. Но, никогаш не плативте. Тоа што е договорено, договорено е. Наскоро ќе видите дека не можете да се зае*авате со нас. Не плативте за она што го нарачавте со пари – сега ќе платите со болка. Судниот ден се приближува. Сајбер армагедон ќе се истури врз вас“, вели гласот во пораката кон властите.