Ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини, пред експретседателот Бранко Црвенковски ги нарече политичарите корумпирани и ја искритикува американската амбасадорка Ангела П. Агилер. Според него, неточно е дека во Македонија бил тимот за санкции како што кажа амбасадорката и посочи: „Ниту бил тука, ниту е тука, ниту ќе дојде. Тоа не е точно“.
„Амбасадата на САД во Скопје кажа: ‘Целосно се оградуваме од Бехтел и Енка’, а потоа, амбасадорката рече: ‘Процесот на Бехтел и Енка е целосно транспарентен и законски’, додека премиерот Ковачевски посочи: ‘Договорот не се крие, ама не може да се гледа’“, цитираше Хајредини во неговото излагање.
На ова, публиката се насмеаја.
„Не се смејте, премиерот го вика тоа“, им рече Хајредини.
Зборуваше и за измените во Уставот.
„Важни се измените на Уставот и отворањето, односно да се прифатат измените. Оваа дебата кај нас се користи и за нешто друго. Актуелните политичари, корумпирани, тие толку нападнаа со пропаганда“, рече Хајредини кој се сомнева и на пазарење во редовите на Собранието за уставните измени.
По ова додаде дека влезот во НАТО е одличен, но нема промени во однос на корумпираноста.
„Со влезот во НАТО, на тој план, не доживеавме промени во односот на корумпираните политичари“, посочи Хајредини.
Ексминистерот за финансии учествуваше на трибина организирана од Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ во соработка со Кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски.