Утрински Весник
Македонија

(Видео) Груби тврди дека нема пенали кон „Бехтел и Енка“, Рустеми во дилема кого да вработи за автопатиштата

(Видео) Груби тврди дека нема пенали кон „Бехтел и Енка“, Рустеми во дилема кого да вработи за автопатиштата

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, тврди дека кога ќе вработи 28 лица, ќе има доволен тим за да се изградат автопатиштата на коридор 8 и коридор 10д. Вицепремиерот Артан Груби, кажа дека договорат нема цена, туку проценета вредност. Рустеми објасни какви работници ќе вработат.

dobivaj vesti na viber

„Ние секако дека имаме капацитет. Но за да бидеме поекипирани, Јавното претпријатие имаше оглас. Се врши евалуација на огласот за да примиме нови 28 лица, поголем број се инженери, специјалисти. Тоа ќе биде посебен тим кој ќе ја следи реализацијата на коридор 8 и коридор 10д. Ќе има две единици – за градежни работи, другата за експропријација. Со посебниот тим за следење, ние ќе бидеме екипирани за реализација на овие коридори“, вели Ејупи Рустеми, директор на ЈПДП.

Груби пак, посочи дека во договорот нема клаузула за плаќање пенали. Тоа го нарече „ноторна лага“.

„Не нѐ газат роковите, договорот е потпишан согласно со постоечкото законодавство. Ако сакаме да биде поевтино и побрзо, односно за две години побрзо да се изградат, ќе треба да имаме законски измени. Од нас зависи што ќе избереме. Други рокови нема. Има тромавост кај нашите институции за да одговорат на барањата на изведувачите на проектите. Договорот нема цена“, посочи Груби.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег